Охрид, 13. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид како најголемиот туристички центар во Република Македонија, подготвен ги очекува домашните и странските гости кои ќе го посетат за Нова година.
Украсен и традиционално преубав и годинава ги отвора вратите за сите вљубеници во него со организиран дочек на Градскиот плоштад.
Според туристичките работници, интерес има, дел од хотелите се веќе целосно букирани, а најбројни ќе бидат гостите од соседството, пред сé од Србија и Бугарија, а нема да изостанат и домашните гости.
Централното градско подрачје е веќе украсено со новогодишни реквизити, а светна и елката на Градскиот плоштад. Репортерите на OhridPress направија фото и видео репортажа за тоа како изгледа градот во вечерните часови.
Угостителите најавуваат солидна исполнетост, а се очекува наскоро од локалната самоуправа да биде објавена и програмата и изведувачите што ќе ги забавуваат охриѓани и гостите на Градскиот плоштад за дочекот на највеселата ноќ, но и за останатите датуми за празниците кои ќе траат се’ до големиот христијански празник Богојавление Водици и Денот на рибарите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес