Охрид, 23. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид го живее претпоследниот викенд од старата, 2023 година.
Украсен и солидно исполнет со гости кои уживаа на денешното сонце со прошетки покрај езерото, но и кафе и разговор во некои од популарните угостителски објекти.
Охрид веќе мириса на Нова година, која ќе ја пречека со подготвена програма и полека ја остава зад себе една од најуспешните сезони последниве години.
Метеоролозите за денеска во Охрид најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 9. степени.
– Од недела следува период на тивко и релативно топло време, освен по котлините, каде ќе има појава на магла и дневните температури ќе бидат пониски, информираат од УХМР.
СИТЕ во ОХРИД! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес