ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Пецаков: Во 2025 кон 2026 година општината ќе може да спроведе набавка на новогодишни украси

Охрид, 27. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Новогодишното осветлување (украсувањето), како и секоја година се изнајмува. Набавката не е толку колку што кажавте (30.000 евра), ќе вреди нешто повеќе, општината се’ уште не е подготвена да издвои толку пари, одговори на денешната седница градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков на прашањето и сугестијата од советникот од ВМРО-НП Ванчо Костоски општината еднократко и сама да го набави новогодишното украсување за да се избегнат непотребни трошоци кои се повторуваат секоја година.

– Тековно тоа би било заштеда на долг рок, меѓутоа се надевам дека дури во 2025 кон 2026 година ќе може да се направи оваа набавка и ќе може десетина години да ги користиме украсите кои ќе ги купиме, порача Пецаков.

Неодамна и од партијата Левица информираа дека во периодот од 2012 до 2023 година, локалните коалиции во Охрид потрошиле над 211 илјади евра за изнајмување на новогодишни сијалички и светлечки материјали. Овие реквизити биле изнајмени од Друштво за трговија, производство и услуги „Метал-Ват-Ел ДООЕЛ“ увоз-извоз Скопје, додека другиот дел го спроведува ЈП „Комуналец“ – Охрид, открија од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.

Основно пребарување на некои од најголемите светски компании кои се занимаваат со оваа дејност, од кои најприфатливите по цена се најчесто од Кина, покажува дека за цената која се издвојува за пет години (120-150.000 евра), можат да се набават огромен број супер-атрактивни реквизити.

Дополнително, јасно е видливо дека голем дел од нив се релативно едноставни и станува збор за основна метална конструкција, па било кој подобар мајстор, кои реално ги има во Јавните претпријатија, што и го докажаа, затоа што дел од украсите во центарот на градот се направени тука, може да ги направи и да се заштетат релативно големи средства.

Ако некој од одговорните има интерес, на alibaba.com дизајните можете да ги погледнете ОВДЕ, а дел од најголемите кинески компании кои се од оваа област можете да ги најдете ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука