Охрид, 5. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со соодветна принтана публикација во која се поместени најинтересните моменти, фотографии и цитати од учесниците се заокружени „Охридските приказни“ во „Форт кафе“.
„Охридските приказни“ во „Форт кафе“ настанаа во чест и благодарност на луѓето кои го прават град каков што навистина е, вели м-р Виолета Цепенковска, главниот „виновник“ за приказните.
– Во чест на сите кои денес ја пишуваат приказната за Градот на свој начин, кои го сакаат, го чуваат, го возвишуваат и почитуваат со своите дела и го претставуваат онаков каков штое во суштина, потенцира Цепенковска.
Со црно-белите фотографии, што на публикацијата и’ дава посебна убавина и топлина, на страниците се раскажуваат градските приказни, пренесени директно од учесниците и современиците на едно време во убавиот Охрид.
– Некои од овие слики искрено зграпчуваат минливи моменти од секојдневниот живот, додека други се смислено составени и инценирани, евоцирајќи одредена атмосфера или разјаснување на наративот, потенцира м-р Зоран Вељаноски- Летра, кој е уредник на фотографија на публикацијата.
Рецензија за делото напиша и проф. д-р Калина Сотироска- Иваноска, која потенцира дека станува збор за сцена која ја доловува суштината на духовното дружење во еден охридски локал.
– Како што пристигнуваат гостите , се зачествува звукот на ѕвонењето на чашите и смеата, а како што напредува ноќта, се зголемува позитивната атмосфера, овозможувајќи заедичко разбирање, проширени перспективи и можеби новооткриени врски, вели Сотироска Иваноска.
Михајло Филев, Јован Каланоски, Сузана Наумоска, проф. д-р Устијана Речкоска- Шикоска, Славе Ѓорго Димоски, Ѓоко Симјаноски, Јовица Каралиевски, Владо Пупиноски, Никола Митровиќ- Бабе, Кирил Пецаков, проф. д-р Ристо Речкоски, Богдан Настески- Герман, Цветлана Винцензи- Маркулевска, Сашо Митан, проф. д-р Владимир Групчев, Гордана Лолеска, Зоран Вељаноски- Летра и проф. д-р Анис Сефиданис.
Ова се учесниците, кои од 14-ти септември 2022 година ги раскажаа своите приказни, но и отворено и со многу љубов зборуваа за тоа каков беше, каков е и каков сакаат да го видат својот Охрид во иднина.
„Охридските приказни“ се уште едно дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес