Охрид, 14. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 14-ти јануари 2024 година, во 00:17 часот регистрираше земјотрес со епицентар на 173 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.5.
– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Пред само два дена беше регистриран земјотрес со интензитет од 3,8 степени во Преспа. Истиот беше почувствуван во регионот на Охрид, Струга, Ресен и Битола. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива