Охрид, 19. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во духот на православието и востановената традиција Охрид и годинава е посакувана локација за чествување на големиот христијански празник Богојавление Водици.
Tрадиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро го проследија илјадници верници, а Никола Јакимоски од Охрид е среќниот фаќач на Светиот крст. Тој беше најсреќен меѓу стотиците капачи кои денес влегоа во ладните езерски води. Посака здравје, среќа и бериќет во текот на целата година.
На Градскиот плоштад во Охрид се одржа и концерт на групата „Некст Тајм“ за продолжување на празничниот ден за бројните охриѓани и гостите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 74