Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Од албанска страна современ пат и патеки, од македонска сечење гранки наречено реконструкција (Фото)

Охрид, 12. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Додека од македонска страна се одвива процес на сечење гранки наречен реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум), од албанска страна истиот патен правец после границата продолжува со современ пат и пешачко/велосипедски патеки.

Истиот пред Тушемиште се разгранува на два дела и едниот води покрај езерото кон Поградец и натаму, а другиот на кој се работи е нов крак кој треба да го олесни патувањето и преку заобиколен пат да се избегнат сообраќајните гужви во Поградец.

Од албанска страна останува спорен односот кон езерото, живиот свет во него и околината според препораките на УНЕСКО, но и градбите во него и првата езерска линија, за што пишувавме во повеќе наврати, но сепак, од страна на патната инфраструктура, мора да се признае состојбата е далеку подобра.

Колку е истата важна, доволно зборува и фактот дека информацијата на OhridPress од викендов за реконструкцијата на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум) е помеѓу најчитаните и најкоментираните изминатите 24 часа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука