ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Бројот на српски туристи порасна за 19% во 2023-та споредбено со рекордната 2019 година

Белград/Охрид, 23. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Српскиот туристички пазар е еден од најзначајните за македонскиот туризам, за тоа говорат и последните бројки каде е забележан раст на српски туристи и тоа за 19% во 2023-та споредбено со 2019 година, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

– Интересен е податокот за растот на остварени ноќевања на српски туристи и тоа за 37% во 2023, споредбено со 2019 година. Референтната година 2019-та за македонскиот туризам со најголем број на странски посети е надмината во 2023 година од страна на туристите од Србија. Забележан е раст од 132% на туристи од Србија кои го посетиле Охрид во 2023 споредбено со 2019 година, има раст и кај ноќевањата од 173%. За да ги задржиме српските туристи еден ден повеќе се превземаат активности за промоција на туристичките продукти и дестинации со цел зголемување на бројот на српски туристи и остварени ноќевања. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе реализира медиумските активности за промовирање на туристичките потенцијали на Република Македонија во Србија преку Google и You tube ads, рекламирање преку социјалните медиуми како Facebook и Instagram, потенцираат од АППТ.

Додаваат дека македонско-српското пријателство, историските и традиционалните врски, заедничките вредности и интереси се одразуваат и во зацврстување на воспоставените туристички релации меѓу Република Македонија и Србија. Српските туристи, освен Охрид го посетуваат и винскиот регион каде што уживаат во македонските вина и гастрономијата, како и Дојран, Демир Капија, Гевгелија, зимските центри и главниот град Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука