Вевчани, 2. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Единствениот кандидат за претседател на Република Македонија од регионов, вевчанецот Господин Попоски, заклучно со синоќа до 20:00 часот, тој собра 106 потписи за поддршка.
Преку видео обраќање неодамна тој ги повика граѓаните да се потпишат во знак на поддршка на неговата кандидатура.
– Испраќам апел до народот да излезе масовно да се потпише и да одиме во дуел со Бујар Османи. Како што ги собра тој, треба и македонскиот граѓанин да го поддржи независниот кандидат Господин Попоси, кој потоа ќе може да излезе на дуел и да ја каже својата програмата. Граѓаните масовно до 8 март да излезат и да го дадат потписот, порача Господин Попоски.
Во изјава за Супер радио и OhridPress изнесе дел и од неговите ставови и зошто се одлучил за ваков чекор.
– Се залагам за името, за студентите, за земјоделците и за пензионерите, изјави кратко 48-годишниот вевчанец кој работи како градежен работник и земјоделец.
Тој ги повикува сите да го дадат својот потпис за него во подрачното одделение на ДИК во Струга. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Господин Попоски