Охрид, 20. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, ем се решил во работно време да претрча на прес пред Јавното обвинителство, ем заборавил со него да ги понесе документите кои потврдуваат конфликт на интереси и непотизам во општината во која работи, реагираат на изнесеното на денешната прес конференција на Китески од ОО на СДСМ од Охрид.
– Ги предаде ли Китески документите за двајцата сопружници во општината кои заеднички се потпишуваат на документи „изработил и одобрил“ одобрение за градба?! Ништо не е сменето во ДПМНЕ. За нив држава и партија е едно исто. Злоупотреба, закани и лаги се нивна одлика. Охриѓани ја препознаваат разликата и затоа на претстојните избори ќе бидат поразени, стои во реакцијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес