ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Коментар на денот Охрид ТОП ВЕСТИ

Коментар на денот: Светски Ден на водите, го чуваме ли доволно нашиот езерски бисер?

Охрид, 22. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Коментарот на денот доаѓа на објавата на Facebook профилот на OhridPress на веста за Светскиот Ден на водите и прашањето дали го чуваме ли доволно нашиот езерски бисер?

– Не, е краткиот одговор, кој совршено го опишува нашиот однос кон највредното нешто што го имаме.

Денеска, уште еднаш се поставува прашањето дали го чуваме доволно нашиот езерски бисер, древното Охридско Езеро, за кое некогаш дозволуваме да има третман како обична вештачка акумулација. Загадувањето се’ уште е на превисоко ниво, а односот кон живиот свет во него е најблаго кажано алармантен. За проблемот да биде поголем, езерото е поделено помеѓу две држави, секоја со своја регулатива и однос кон него. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука