Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Во понеделник пристигнува првата група холандски гости преку тур-операторот TUI Fly

Охрид, 18. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Преку воздушната линија Амстердам-Охрид-Амстердам, бројни холандски гости и оваа сезона ќе уживаат на брегот на Охридското Езеро.

Првата група туристи преку тур-операторот TUI Fly, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе пристигне во понеделник, на 20-ти мај 2024 година.

– До крајот на септември, предвидено е TUI Fly да реализира вкупно 62 лета до Охрид, порачаа од ТАВ Македонија.

На 12-ти мај 2024 година, со летот Амстердам-Охрид пристигна првата група холандски туристи, а до крајот на септември годинава, Corendon ќе има вкупно 32 лета од Аместердам до и од Охрид.

Охрид и Република Македонија долго години се меѓу омилените дестинации за холандските туристи. Еден од главните „виновници“ за тоа е писателот Корнелиус Боб Спелстра, познат под псевдонимот А. Ден Доолаард, кој во книгата „Свадбата на седумте цигани“ ја опишува нашата држава како место кое не смее да се пропушти и мора да се посети, пред се’ поради богатата историја, убавините и културното наследство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: МИА

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука