Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Борјан Николоски од ООМУ „Методи Патче“ освои I награда на Меѓународниот натпревар за мали пијанисти во Врање

Охрид, 28. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Борјан Николоски од ООМУ „Методи Патче“ освои I награда на Меѓународниот натпревар за мали пијанисти во Врање.

– На Меѓународниот натпревар за мали пијанисти, кој се одржа на 25ти и 26ти Мај во Врање, Република Србија, учениците од класата на Проф. Ана Ѓорѓиоска постигнаа високи резултати. Ученичката Ана Кузманоска освои I специјална награда, максимални 100 бода во својата категорија. Ученикот Борјан Николоски, во својата категорија освои висока I награда, информираат од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука