Париз/Охрид, 7. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Бројни љубители на ликовната уметност, критичари и колекционери ја посетија изложбата, а информации за истата беа објавени и во повеќе париски портали за уметност, вели за Супер радио и OhridPress познатиот охридски уметник Сашо Блажески- Блажес.
Неодамна, во познатата Abstract Project Gallery во Париз, беше отворена неговата самостојна изложба „Diving to the bottom“. Составена е од 8 дела од кои две се со формат 380×260 сантиметри, изработени во техниките масло и акрил на платно.
– Куртор на изложбата беше Маја Чанкуловска која работи како кустос во Националната Галерија на Македонија, со која соработуваме последните 7 години. Посебно ме радува посетата од неколку париски ликовни куратори кои се заинтересирни за идна соработка околу моите нови проекти кои следат, вели Блажес за Супер радио и OhridPress.
Додава дека веќе е договорен следен заеднички проект со познатиот уметник од Париз Аунг Ко, како и понатамошна соработка со галеријата Abstract Project.
Изложбата на Сашо Блажес во Париз ќе биде отворена до денеска, петок, 7-ми јуни 2024 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива