Струга/Охрид, 8. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Започна одбележувањето на впишувањето во диптихот, односно канонизацијата на Светите Спасе и Спаса Вишенски.
Во храмот „Св.Атанасиј Велики“ во село Вишни, денеска од 16:00 часот се служеше Воскресна вечерна богослужба и измивање на моштите на Св. Спаса. Од 17:00 часот во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид ќе има Воскресна вечерна богослужба, а од 18:00 часот е пречекот на моштите на Св. Спаса и последен парастос.
Настаните во недела, 9-ти јуни, ќе бидат во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид. Во 07:30 часот ќе има Утрена воскресна богослужба. Од 09:00 часот ќе започне Света архиерејска литургија и објавување на одлуката за канонизација на Св. Спасе и Св. Спаса Вишенски. Ќе присуствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и останатите архиереи.
По повод овој голем и важен настан разговаравме со протојереј-ставрофор Александар Димоски, кој појаснува што опфаќа процесот на канонизација, што значи овој настан за православието и кој ден е избран како празник на Спасе и Спаса Вишенски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Дејан Пановски