Билтен на СВР Охрид: Пријава за млад охриѓанец поради реконструкција на објект на улицата „Цар Самоил“ без соодветно решение
јуни 11, 2024

Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Тој, во својство на закупец, без решение за реконструкција издадено од надлежен државен орган, извршил бесправна реконструкција, доградба и надградба на кровна конструкција на објект на улицата „Цар Самоил“ во Охрид кој се наоѓа во старото градско јадро на Охрид, прогласено за културно наследство од особено значење, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука