Охрид/Куманово, 15. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот боксер Енис Алиу се враќа со вредна победа од Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“, што вчера и денеска се одржа во Спортската сала на Средното училиште „Перо Наков“ во Куманово.
Алиу е член на клубот „Алексо Огненовски“ од Охрид, а денеска беше подобар од боксерот Даниел Шутало од Хрватска. Во Куманово боите на Охрид ги бранеше и Наум Стојаноски кој во категоријата до 67 килограми загуби од Кристијан Карол Харпула, четирикратен првак на Италија во својата категорија.
На турнирот настапија боксерски имиња од Италија, Турција, Австрија, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Романија, Полска и Република Македонија.
Организатор на турнирот беше Боксерскиот клуб „Куманово-84“ со поддршка на Боксерската федерација на Република Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива