јуни 25, 2024

Охрид, 25. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Старите мајстори од групата Меморија ја снимија песната „Јано“, поместена на нивниот нов албум кој треба да излезе кон крајот на годинава, според синглот „Јана мома“ од „Триангл“ од 1975 година.

Аранжманот е на Петар Георгиевски – Камиказа, музиката на Кокан Пандиловски, Борче Стоевски, а текстот на Кокан Пандиловски.

Во сегашниот состав на Меморија се Апостол Икономов (вокал), Рубин Димкоски (гитара), Давор Јордановски (клавијатури), Сашо Ангелов (тапани) и Петар Георгиевски Камиказа (бас). Песната е снимена во студиото „Тра ла ла“, а продуценти се Мите Димов и Давор Јордановски.

Неодамна, полни 33. години по настапот на летната сцена во култниот „Дом на млади“ во Штип, кога беше урнат рекордот на посетеност на еден концерт на оваа сцена, легендарната македонска група „Меморија“ на истата локација, одржа незаборавен концерт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука