Забава Избор Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Детскиот настан „Веселите ѕвончиња“ вечерва во Охрид

Охрид, 28. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На сцената кај ТЦ „Амам“, вечерва со почеток од 20:00 часот, со детскиот настан „Веселите ѕвончиња“, продолжува програмата на општина Охрид за најмладите охриѓанчиња „За сите деца“, под мотото „Културата расте со децата“.

Настанот е дел од Програмата за деца на Општина Охрид, а сите посетители ќе добијат пригоден подарок од компанијата Витаминка – Стоби флипс.

Минатиот петок, на истата локација, најмладите уживаа во театарската претстава „Цветко и неговата градина“, а до 6-ти октомври, секој петок ќе се реализираат низа културно-забавни настани и активности за деца до 12 години. На отворените сцени на Долни Сарај, плоштадот „Крушевска Република“, плоштад „Вангел Наумовски“ (кај Мини маркет), Лапидариум, Градски плоштад „Свети Климент Охридски“ и други јавни површини во градот ќе бидат изведени детските театарски претстави „Цветко и градината“, „Разгалениот принц“, „Младиот чорбаџија“, „Дизајнерот Далматинко“ и „Црвенкапа“. Сите претстави ќе бидат во изведба на „Театар Хит“ од Скопје, а најмладите преку омилените детски ликови ќе имаат можност да се дружат со нашите познати актери Магдалена Ризова Черних, Сашо Ристовски, Ема Давчева и Бранко Атанасов. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука