Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Донација од 6.000.000 денари на Агенцијата за катастар на недвижности Скопје за ЈЗУ Општа Болница Охрид

Охрид, 10. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – ЈЗУ Општа болница Охрид доби донација од 6.000.000 денари од Агенцијата за катастар на недвижности Скопје, која биде искористена за купување на современа медицинска опрема, што значително ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги кои ги нуди установата кон пациентите.

– Искрено им се заблагодаруваме на Агенцијата за катастар на недвижности, за нивната поддршка и значајниот придонес во областа на општественото здравје и заштита. Нивниот труд и посветеност се од непроценливо значење за унапредување на здравствените услуги и за добробитта на нашите сограѓани, вели д-р Шајн.

Д-р. Асен Шајн е специјалист по оториноларингологија, а со болницата раководеше од април 2022 година. Во дописот до министерот за здравство д-р. Арбен Таравари е наведено дека оставката ја поднесува од лични причини.

Во отчетот за двегодишниот мандат, д-р Шајн вели дека установата ја наследил со тешка финансиска состојба со блокирана сметка од август 2021 и бројни извршни решенија, застој во испорака на основни медицински и други материјали, лекови, кадровски недостатоци од стручен кадар посебно во одделението за педијатрија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука