News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
јули 23, 2024

Охрид, 23. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одлучувањето дали регионот на Охридското Езеро ќе се најде на листата на светско наследство во опасност одложено за 47-та сесија на УНЕСКО, напиша на неговиот профил на Facebook Ариан Мероли, истражувач и експерт за заштитени подрачја.

Причина за одложувањето, како што пишува, е што Извештајот на Реактивната мониторинг мисија од март оваа година не е достапен за тековната 46-та сесија, што се одржува во Њу Делхи.

– Но, во Предлог-одлуката предложена од Центарот за светско наследство се посочува дека тековните големи нови случувања, недостатоците во управувањето со имотот, големите случувања околу езерото, особено во близина на поголемите урбани центри, високото ниво на ранливост на имотот што не е навистина препознаена од главните носители на одлуки, како и недоволната имплементација на барањата на Комитетот, особено во однос на неговата ревитализација го враќа ризикот идентификуван од УНЕСКО во 2021 година, пишува Мероли.

Според најавите состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион требаше да биде разгледана на годинашната 46. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО кога и се очекуваше да се носи нова одлука за статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Кон крајот на март оваа година претставници на мисијата на УНЕСКО беа во Охрид и Струга и остварија средби со градоначалниците Кирил Пецаков и Рамиз Мерко. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука