јули 25, 2024

Охрид, 25. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Кадри Селман и ова лето продолжува да создава убавина која плени, афирмирајќи го градот во вистинско светло.

Пред фигурите, кои скромниот уметник Кадри ги обликува од украсните грмушки, застануваат охриѓани и гостите и се сликаат за спомен.

Кадри Селман, е вработен во „Паркови и зеленило” на ЈП „Охридски комуналец”. Се` е негово, од идеја до реализација. Дури самиот купил и специјални ножици.

Во 2020 година, по повод Денот на ослободувањето на Охрид, 7-ми ноември, а на предлог на група граѓани, тој доби и посебна награда за убавината која ја создава во преубавиот Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука