Вела Лука, 29. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако на почетокот на март беше објавена „Ne mogu ti reći“, необјавена песна на Оливер Драгојевиќ, денеска беше претставена и најновата „Vrime je“, како дел од одбележувањето на 6-годишнината од неговата смрт, на настанот „Trag u beskraju“ што се одржува во Вела Лука.
Годинава настапија Петар Грашо, Јелена Розга, Зорица Конџа, Далматино, Томислав Бралиќ и клапа „Интраде“, Џулијано и Мартин Косовец, годинешниот победник на шоуто „The Voice Hrvatska“.
Автор на музиката на новата песна е Томислав Мрдуљаш, кој заедно со Маријан Бан е автор и на текстот. За аранжманот беше задолжен Игор Ивановиќ.
Со „Ne mogu ti reći“, песната која беше претставена во март, беше најавен албумот „Долазиш“ кој ќе содржи 12 нови песни од Оливер. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива