Забава Избор

Легендарниот Dj и продуцент Dr Packer направи ремикс на „We will never end“ на Владимир Четкар

Охрид, 2. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – По ремиксот на одличната „Time Goes By“ од почетокот на декември минатата година, легендарниот Dj и продуцент од Австралија Greg Packe или Dr Packer го направи новиот ремикс на одличната тема на нашиот врвен гитарист Владимир Четкар „We will never end“.

– Најново ремикс издание од мојата авторска музика на светскиот музички пазар, напиша Четкар на неговиот профил на Facebook.

Неодамна Четкар го објави спотот за новата песна „Don’t Make Me Wait“. Видеото се снимаше на повеќе локации во Охрид и Струга и е во режија на Бојан Симјаноски, во продукција на Harmonia Productions LLC. Песната е комплетно авторско дело на Четкар на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, оркестратор, диригент и изведувач (вокал и гитара). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука