август 1, 2024

Скопје/Охрид, 1. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжениот викенд во пресрет на 2-ри Август и големиот празник Илинден, го испразни главниот град.

Колоната долга околу 2 километри е регистрана на првата патарина на излез од Скопје кон Тетово. Оваа вистинска „река“ на возила се упатува кон Охрид и Струга, но и кон другите места во западниот дел од Република Македонија.


Охрид деновиве го живее врвот на сезоната 2024-та. Се бара место повеќе во сместувачките капацитети, а за сликата да биде комплетна придонесе и исклучително топлото време, кое измами бројни гости од земјата и странство да го посетат градот под Самуиловата тврдина.

Колку е исполнет градот со гости доволно зборува и денешната слика на една од најпопуларните плажи пред хотелот „Метропол“. (Крај)

извор: tv21.tv фото/видео: tv21.tv

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука