Охрид/Брежани, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress испратија до нашата редакција фотографии од денешниот пожар во близина на селото Брежани, Општина Дебрца.
Од Регионалниот ЦУК Охрид, известуваат дека пожарот на Илинска Планина што зафаќаше делови од општините Охрид и Демир Хисар е проширен на територијата на Опшина Дебрца. Пожарот е активен и е навлезен во шума во атарот на селото Брежани на непристапен терен каде што тешко може де се гаси.
– Вчера на терен имаше 5 пожарникари со 1 моторно возило и околу 10 лица од ЛС „Дебрца“ и ШС „Галичица“ коишто се активни во гасење на пожарот. Во текот на денот во негово гаснење интервениралеи 2 хелихоптера – еден српски и еден од МВР. На терен е ангажирана и една тешка машина што прави засесоци на теренот, информираат од ЦУК. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес