ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦУК: И понатаму се активни пожарите на Илинска планина и Галичица

Скопје/Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На територијата на Република Македонија, до 19:00 часот има вкупно 31 пожар на отворен простор, од коишто во моментов 15 се активни, 5 се под контрола и 11 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во регионот на Општина Охрид, и понатаму е активен пожарот на Илинска планина каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума, како и оној на Галичица каде гори нискостеблеста вегетација.

Активен е пожарот на потегот кај селото Брежани, Општина Охрид, па од таа страна дејствуваат и 20 припадници на Национални шуми. Зафатена е, пред се, ниска вегетација, нискостеблеста шума, а на некои места гори и борова шума, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

– Карактеристично за овој пожар е тоа што во повеќе наврати користевме воздухоплови, во неколку наврати „Ер трактори“, исто така користевме хеликоптери, но се крева силна чад која што ја намалува видливоста, го отежнува маневрирањето на воздухопловите. Затоа апелирам до општинските власти да дадат се’ од себе да ги зголемат активностите на овој потег и да го стават под контрола овој пожар на отворено, којшто беснее со денови, апелира Стојанов. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука