Економија Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Лето 2024: Супер забава со Vincinni и „Тамаро“ во Хипер маркетот на улицата „АСНОМ“ (Фото/Видео)

Охрид, 12. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Веќе традиционално, повеќе од десет години, секое лето на Супер радио уживаме заедно во СУПЕР ЛЕТО во кое имаме огромен број подароци, забава и насмевки со „Тамаро“ маркетите и нашите СУПЕР пријатели.

Денеска имавме уште една – Супер забава во Хипер маркетот на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“ во населбата „Бејбунар“, заедно со нашите пријатели од Vincinni.

– Ние сме летниот Дедо Мраз. Доделуваме подароци, носиме насмевки и секако врвна забава. Вкусот кој спојува, ќе не поврзе и ова лето во најубавиот Охрид. Лето 2024-то, Vincinni лето во Охрид, да уживаме во летото со најслатките Vincinni производи. Многу изненадувања, подароци, дружење со нашата екипа насекаде низ Охрид. Понесете насмевка и позитивна енергија, а за вкусните слатки задоволства и ова лето ќе се погрижи Vincinni, порача на забавата водителот Жанко ЗШ Голабоски.

Супер радио, водечкиот медиум во регионот, и оваа сезона со иновативни и кретивни кампањи, ја продолжува соработката со најголемите компании во државата и регионот. За слушателите, од медиумот кој годинава полни 32. години успешна работа, како и секоја година подготвуваат посебно прилагодена и опуштена програма, со многу музика, забава, но и подароци за своите најдобри слушатели.

– Лето 2024 во Охрид. Да уживаме во летото со најслатките Vincinni производи. Имаме пакет највкусни Vincinni производи за вас. Ова лето имаме многу изненадувања, подароци, дружење со нашата екипа насекаде низ Охрид. Учествувајте во наградната игра која ќе се одвива секој работен ден од 09:30 часот на Facebook профилот на Супер радио и ќе трае до крајот на август. Секој работен ден за вас имаме вредни награди од нашите Vincinni пријатели. Се’ што треба да направите е да го тагирате пријателот кој не може без некој од највкусните производи на Vincinni и да го споделите постот, потенцираат организаторите. Извлекувањето ќе биде пред 16:00 часот, порачуваат од Супер радио.

Vincinni и Тамаро исто така организираат и презентации на највкусните Vincinni произоди на најпознатите плажи на брегот на Охридското Езеро.

– Ова ќе биде незаборавно лето со Vincinni и „Тамаро“. Понесете насмевка и позитивна енергија, а за вкусните слатки задоволства и ова лето ќе се погрижи Vincinni, порачуваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука