Охрид, 20. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако го најавија па го промовираа претходниот сингл „Галеб охридски“ во „Форт Кафе“, познатиот продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски ја најави новата соработка со Владо Броз и Марама.
– На 30-ти и 31-ви август, овие охридски ѕвезди ќе настапат на фестивалот Охрид Фест – Трубадури со песни од мојата музичка работилница. На поп вечерта Владимир Сарафилоски Броз и Марама со „На тебе сум осуден“ – моја комплетна композиција и на фолк вечерта Емилија Маринова со „Чувам слики, спомени“ на текст на Огнен Неделковски, музика Григор Копров и мој аранжман и продукција. Така да од „Форт Кафе“, за некој ден одиме на фестивал, открива Каралиевски.
Владо Броз и Марама се едни „двајца“ за кои Каралиевски подготви два нови летни хита, кои важат за една од најпознатите и најпопуларните музички атракции во Охрид, но и многу пошироко периодов наназад.
Следна станица каде охриѓани и гостите ќе можат да ги слушнат е токму „Форт Кафе“ во недела, на 25-ти август, кога заедно со Емилија Маринова ќе имаме уште една мерак вечер, овој пат со нежните звуци на музиката на Тереза Кесовија и неповторливата Дорис Драговиќ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: George Piruze