ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Повторно чади на Галичица, на потегот над Трпејца, кај м.в. „Зли дол“ (Видео)

Охрид, 28. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на Ohridpress до редакцијата испратија видео на кое се гледа дека попладнево повторно има чад на планината Галичица.

Според првичните, неофицијални информации од жители на селото, видеото е направено на потегот над селото Трпејца, кај местото викано „Зли дол“.

Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало 37 пожари на отворен простор, од кои 29 се изгаснати, три се ставени под контрола, а пет се сѐ уште активни, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

– Во регионот на Охрид, ставен е под контрола пожарот на планината Галичица, кај местото викано „Зли дол“, на територија на Општина Охрид, каде тлеат трупци од претходниот пожар. Пожарот на ресенска страна е изгаснат од дождот, додаде Ангелов. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука