Охрид, 2. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Започнува новата 2024/2025 учебна година за основците и средношколците во охридските училишта кои подготвени утрово ги отворија вратите за учениците.
Во Охрид годинава се запишани 436 првачиња, односно 20 помалку споредено со лани.
Советниците на последната седница дадоа зелено светло за формирање паралелки со помалку од 20 односно 25 ученици во охридските основни и средни училишта. Со ова продолжува трендот што се практикува секоја година пред почетокот на учебната година и ако постарите се сеќаваат на паралелки со по 30 и повеќе ученици, сега овие бројки се скоро двојно намалени.
Во трите општински средни училишта во клупите ќе седнат вкупно 1.780 ученици во 87 паралелки.
Концептот на едносменска настава што ќе се применува во новата учебна година на територијата на Општина Охрид ќе го има само во неколку основни училишта, најголемиот дел од нив се подрачни училишта. Во некои ќе има и можност за продолжен престој. Од средните училишта, едносменско работење, ќе има само во гимназијата „Св. Климент Охридски“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива