Забава Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Малите-големи ѕвезди од фестивалот „Распеано рибарче“ вечерва на големата сцена на „Долни Сарај“

Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од програмата на Општина Охрид наменета за најмладите под мотото „Културата расте со децата“, вечерва, малите „Распеани Рибарчиња“ ќе настапат на големата сцена на „Долни Сарај“.

– Тие ќе можат да се почуствуваат исто и рамноправно како големите ѕвезди. Ве покануваме сите да нѝ дојдите, вратите се отворени за сите, влезот е слободен, порача познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски.

Настапот на малите ѕвезди е со почеток во 18:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука