ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Реал Мадрид и Анадолу Ефес во трка за потписот на охриѓанецот Џеди Осман

Мадрид, 3. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По веста дека кошаркарскиот клуб Партизан од Белград би сакал да го види во своите редови, и Реал Мадрид дефинитивно тргнува по Џеди Осман откако овој кошаркар најави дека ќе се врати во Европа.

Имено на овој кошаркар му истече договорот со Сан Антонио и сака да остане во НБА, но засега нема ништо конкретно каде би ја продолжил својата кариера во најсилната лига во светот, јави kurir.mk.

Исто така турскиот репрезентативец доби понуда од својот поранешен клуб Анадолу Ефес.

Новинарот Андреа Калцони, на социјалната мрежа „X“ објави дека кошаркарот роден во Охрид сериозно ја разгледува и оваа понуда.

Џеди Осман е роден во Охрид, Република Македонија, а веќе го носеше дресот на Анадолу Ефес и настапуваше за Кливленд Кавалирс и Сан Антонио Спарс во НБА лигата. (Крај)

извор: kurir.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука