Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид ќе ги донира средствата од хуманитарните паркинзи за младиот Мухамед Максуд и Здружението на дијабетичари

Охрид, 18. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Охрид информираат дека ќе ги донираат 133.000 денари, кои изминатиов период биле собрани од хуманитарните паркинзи онаму каде што е најпотребно.

– Дел од овие средства, односно 80.000 денари ќе ги донираме на 21-годишниот Мухамед Максуд кај кого е неопходна медицинска интервенција поради неговата здравствена состојба. Воедно тука упатувам апел за секој еден кој е во можност да донира за Мухамет да може повторно нормално да продолжи да живее. Останатиот дел во износ од 53.000 денари ги донираме на Здружението на дијабетичари – Охрид. Одлуката за поставување на хуманитарни паркинг простори се покажа дека е повеќе од одлична. Имаме замисла овој проект во иднина да го надоградуваме, информира градоначалникот на Охирд, д-р Кирил Пецаков.

На социјалните мрежи и медиумите се објавува апел за помош на младиот охриѓанец кој боледува од ретка болест на бубрезите која му била дијагностицирана пред 2 години. Поради тоа му откажале двата бубрези и потребна му е трансплатација на бубрег. Неговата самохрана мајка е единствениот донор и имаат потреба од парична помош за операција во Турција. Со ова ќе завршат неговите посети на хемодијализа и овој млад човек ќе може да се врати на нормален живот.

Сите кои можат да помогнат, истото можат да го направат преку уплата на транскционата сметка: 250019000552171. Телефон за контакт 078/448-600. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука