јануари 14, 2017

Охрид, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани уште еднаш ја покажаа својата хуманост и преку хуманитарни акции собираат помош за семејството Садик, чиј дом изгоре неодамна во големиот пожар кој ја зафати семејната куќа.mriakcija2mriakcija3

Денес, со почеток во 14:00 во охридскиот Mr.I започна целодневна забава со цел да се соберат средства за помош на нашите сограѓани. Дел од акцијата се: The Backdoor Band, Ѓоко Танески, Betty`s Boobs, Богдан Василески, како и DJ Јуксел, DJ Јане, DJ Face, DJ Гец, DJ Марио, DJ Јован и DJ Тони.

mriakcija4Во текот на вчерашниот ден, акција се одржа и во кафе барот „Аквариус“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука