јануари 17, 2017

Охрид, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – 45 илјади денари беа собрани во рамките на акцијата која се одржа во саботата во Mr.I за помош на семејството Садик, чиј дом изгоре неодамна во големиот пожар кој ја зафати семејната куќа.

– Испраќаме голема благодарност до сите кои беа дел од хуманитарната забава во Mr. I. Благодарност до пејачите, бендовите и диџеите кои настапија, благодарност до сите Вас кои бевте дел од оваа хуманитарна забава и придонесовте да се помогне. И покрај празниците и студеното време се изборивме да организираме и собереме скромни сретства за семејството Садик чија куќа беше целосно уништена од пожар. Покрај овие средства кои се од прометот остварен на хуманитарната забава, остварени се и дополнителни финансиски средства во кутија од Црвен Крст која беше поставена во самиот Lounge bar Mr.I. Големи луѓе се оние кои имаат големо срце, велат од Mr. I.

uplatamriВо рамките на целодневната забава настапија: The Backdoor Band, Ѓоко Танески, Betty`s Boobs, Богдан Василески, како и DJ Јуксел, DJ Јане, DJ Face, DJ Гец, DJ Марио, DJ Јован и DJ Тони. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука