Избор Охрид

Бројни акции за помош на Тачо, функционираат и пунктовите во чаршијата

Охрид, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со бројни акции, многу поединци и институции се организираат за помош на нашиот сограѓанин Трајан Целески-Тачо.

Тој боледува од тумор Астроцитома и итно се потребни средства за операција во Италија. Организирани се повеќе акции, во дел од кафе баровите уште од денес ќе бидат поставени и кутии за донации, а акција ќе се одржи и за Водици.

На градскиот плоштад во Охрид веќе е поставен пунктот каде хуманите граѓани можат да донираат.

akcijaplostadВечерва во коктел барот „Хемингвеј“ за помош на Трајан ќе настапат познати пејачи и Дџ-и. Со почеток во 22:00 часот ќе настапат: Ѓоко Танески, Богдан Василевски, Dj Face, Dj Jovan и Dj Gec.

Викендов фудбалскиот клуб „Фер плеј“, во соработка со Спортскиот центар „Климент Колески“ ќе организира хуманитарен турнир за деца во фудбал. Собраните средства ќе бидат уплатени во фондот за помош на Целески.

– На ова момче му е потребна нашата помош. Тој наредната недела треба да замине на итна операција во Италија за која му се потребни неопходни финансиски средства. Ве повикуваме, сите вљубеници на детскиот фудбал да дојдете и да донирате за ова момче, велат од ФК „Фер плеј“.

Синоќа во Охрид беше прикажан документарниот филм на нуркачкиот центар „Амфора“ – „Танцот на пастрмките“ во рамките на пропратните активности за празникот Богојавление – Водиции. Денес од „Амфора“ информираат дека сите средства од изложбата ќе ги донираат за помош на нашиот сограѓанин.

Трансакциска сметка: Trajan Celeski 210501663814471 NLB Banka.

За уплата од странство:

smetkatacoизвор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави