Избор Охрид Охрид во 10

„Охрид во 10“ – 4. февруари 2017

Охрид, 4. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_8093
Охрид во 10 на 04.02.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 04.02.2017 година

– Во манастирот„Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, се служеше Света архиерејска литургија по повод празникот Св.ап. Тимотеј (именден на Митрополит Тимотеј).

–  Нивото на Охридското Езеро е за 3 сантиметри под дозволената минимална кота, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

– Дел од летовите на скопскиот аеродром се пренасочија на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.

– Охридска банка Сосиете Женерал нуди понуда „План за стан“ со фиксна и гарантирана каматна стапка до 2030 година.

–  Вработен во ЈП „Охридски комуналец“ при сеча на дрва повредил малолетник, кој кампувал во близина на Буково.

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука