Избор Охрид

Утре продолжуваат собирите на граѓаните на иницијативата „За заедничка Македонија“

Охрид, 5. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Охрид продолжуваат протестите кои се во организација на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

– Ќе го кренеме гласот за заедничка Македонија, слободно граѓанско поле за сите нејзини жители, дом за сите што ја сакаат Македонија, стои во најавата за собирот.

Собирот ќе започне кај Мини маркет со почеток во 17:00 часот.

Минатата недела, учесниците на протестот се движеа низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука