Охрид, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) — Комплетно исполнет период за охридскиот и светски познат млад гитарист, Дамјан Пејчиноски.
Откако предходно беше најавено дека во рамките на годинешното издание на Krusevo Workshop, Пејчиноски ќе одржи музичка работилница за гитара, на неговата агенда на настани, се впишуваат уште два.
Заедно со своето трио, Дамјан на 1 јуни годинава ќе настапи во Домот за култура „Трепца“ во Звечан, Косовска Митровица.
Во јуни го очекува уште еден значаен настап и во тоа Њујорк. Концертот ќе се одржи на 8 јуни во просторот на Gallery MC. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27