јуни 3, 2017

Охрид, 3. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младите волонтери на Црвениот крст од Бар, Црна Гора имаа одличен настап во рамките на вториот ден од Младинскиот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“.

Тие вчера, на сцената во предворјето на црквата „Св. Софија“ ја изведоаа претставата „Разбуди се и биду тука“, преку која на сликовит начин ги истакнаа врсничкото насилство, дрогата и трговијата со луѓе, како најчести предизвици, проблеми и искушенија со кои се соочуваат младите и испратија силна порака за љубов, здравје, радост, среќа, насмевка, доверба како вистински смисол на животот.

Со премиерата на претставата „Багаж“, на први овој месец беше отворено четвртото издание на „Вдиши театар“, а завршетокот е резервиран за младите актери од театарската група на Црвениот крст од Крагуевац, Србија кои вечерва, на истата локација, во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток во 20:30 часот ќе ја изведат театарската претстава „Руски рулет“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука