јули 6, 2017

Охрид, 6, јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Основниот суд во Охрид денес започнува повторениот судски процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски.

Претходното рочиште се одржа на 5-ти мај, но истото беше одложено поради неможноста да се транспортира обвинетиот Бојан Угреновиќ во Охрид поради преангажираноста на службените лица и возилата со судењето на обвинитетите во процесот „Диво насеље“.

ugrenovik29-годишниот Угреновиќ од Краљево, на Новогодишната ноќ на смрт го претепа Димитар во строгиот центар на Охрид. На првиот судски процес, тој беше прогласен за виновен и му беше изречена затворска казна во времетраење од 16 години. Пресудата беше обжалена од одбраната, по што Апелацискиот суд од Битола побара повторување на процесот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука