јули 9, 2017

Охрид, 9 јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – И покрај гласините кои се проширија деновиве, дека Охрид е празен, дека гостите и туристите си заминуваат поради земјотресите кои не зафатија перидов, денешната слика од охридските плажи и улици го говори токму спротивното.

Колона возила попладнево се слеваше на патот од  Свети Наум кон Охрид, а меѓу нив покрај охридски, имаше автомобили од Скопје, Битола,Прилеп, Гостивар…но и со странски таблички.

 

plaza2

 

plaza1

 

kolonavozila

Експертите со смирувачки тонови, велат нема потреба од бегање од Охрид, бидејќи во поглед на земјотресите, регионот влегува во фаза на смирување.

Ако кон ова ги додадеме и најавите на метеоролозите за пораст на дневните температури, се очекува бројот на гости во Охрид да се згоелми. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: ОхридПрес  

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука