август 1, 2017

Охрид, 1. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со настапот на светски познатиот холандскиот диџеј Nick van de Wall или популарниот Afrojack, вечерва на стадионот „Билјанини извори“ започнува второто издание на фестивалот „Ohrid Calling“.

За загревање на атмосферата ќе се погрижат DuoZ  и специјалниот гостин Kortexx, а забавата ќе биде заокружена со сетот на охриѓанецот DJ Alexandar.

Организаторите, Авалон продукција, се задоволни од продажбата на билетите за концертите во склоп на вториот „Ohrid Calling“. Интерес за посета на Охрид пројавиле голем број гости од цела Европа, така што се очекува за време на фестивалските денови Охрид да биде полн со туристи.

Официјалниот PR на Авалон, Ивана Нолчева Плавевска, на гостувањето во емисијата „Радио Корнер“ на Супер радио, рече дека плановите се „Ohrid Calling“ да се етаблира на мапата на најатрактивни вакви настани во Европа. Целта е од следната година, настаните да не се сконцентрирани само околку празникот Илинден, туку да направиме Охрид да биде концертно атрактивен и во останатиот период, потенцира Нолчева Плавевска.

Утревечер сцената ќе биде отстапена на уште едно светски познато име на клупската сцена, суперстар диџејот Hardwell, а како локална поддршка ќе бидат Cyrillic и Galoski.

bijelo_dugme_640x360

Во петок пак, на „Билјанини извори“, ќе настапи легендарната балканска музичка атракција „Бијело Дугме“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука