Охрид, 8. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ајшел Зејноска, доктор во Итната медицинска помош, со одлука на Министерството за здравство на Република Македонија е назначена за нов в.д. директор на охридскиот Здравствен дом.
Д-р Зејноска на функцијата доаѓа на местото на д-р Катерина Димитрова, која на оваа функција беше од 2015 година.
Денешната смена е последна во низата смени на раководните функции во охридските Јавни здравствени установи. Министерството за здравство пред три дена именува нови директори во некои од охридските Јавни здравствени установи.
За директор на Општа болница – Охрид е назначена Славица Малеска – Стојадиновиќ, магистер специјалист по фармацевтска технологија, која има подолг работен стаж во охридската болница. На местото на д-р Митко Тилевски во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, доаѓа ортопедскиот хирург д-р Ацо Велески. И Специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација од кардиоваскуларни болести „Свети Стефан“ доби нов директор. На оваа функција именувана е д-р Гордана Донеска, специјалист по општа пракса. Во Центарот за јавно здравје – Охрид пак, за прв човек е назначен д-р Сашо Точко, специјалист по санитарна хемија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива