август 24, 2017

Охрид, 24. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Паралелно со големата анкета која се спроведува на територијата на Охрид во пресрет на локалните избори, денес кога локалната ќе го објави Отчетот за сработеното изминатите 4 години, Супер радио, Inpress и OhridPress на своите слушатели и читатели им дава можност да го кажат јавно своето мислење.

– На страниците на нашите портали на најголемата социјална мрежа Facebook (Super Radio, OhridPress и Inpress), можете да коментирате и да ги оставате вашите мислења, реакции и ставови за работата на локалната власт изминатите 4 години. Денес ќе биде објавен Отчетот на локалната, кој горе-долу знаеме што ќе донесе. Но, дали тој ги отсликува вистинските состојби и реалното расположение на граѓаните? Повелете коментирајте и кажете го својот став, кој ние како редакција ќе им го пренесеме на одговорните, порачуваат од Супер радио, Inpress и OhridPress.

Во пресрет на локалните избори Супер радио спроведува голема анкета од која очекуваме да добиеме релевантни податоци за трендовите и поддршката која охриѓани би ја дале за некоја партија или поединец на локалните избори кои, според нас, ќе бидат едни од најзначајните и најинтересните во последниот период. Ова особено по промената на централната власт, но и по бурните превирања на локалната политичка сцена. Тука секако ќе имаме дел и за популарноста на потенцијалните кандидати за градоначалник на Охрид од најголемите партии, но и неколкуте имиња кои се споменуваат во јавноста како можните независни кандидати. За нив ќе правиме и посебен дел од анкетата, кој ќе даде подетални податоци за нивните шанси, како и за довербата која во моментот ја уживаат кај охриѓани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука