септември 11, 2017

Охрид, 11. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Иако се` уште без официјална потврда, но ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ќе треба да понуди нов кандидат на местото на досегашниот градоначалник Никола Бакрачески.

Тој на анкетите имаше највисок рејтинг, но, како што јавија дел од медиумите не ја прифатил понудата од партијата која го кандидира на последните локални избори во Охрид. Неофицијално, како кандидати за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ сега се споменуваат имињата на деканот на ФТУ од Охрид, професор д-р Цветко Андреески, а не е исклучена и опцијата, Сашо Стефаноски, екс директорот на ФЗО, охриѓанец по потекло, од општина Центар, да биде кандидат за Охрид.

Од другата страна, СДСМ веќе го претстави својот кандидат, професорот на ФТУ, Јован Стојаноски.

Во четврток на полноќ истекува перидот во кој партиите или независните кандидати можат да ги поднесат своите кандидатури за учество на претстојните локални избори закажани за 15-ти октомври. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука