септември 12, 2017

Охрид, 12. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Многу изгорена трева, неколку дрвја и помали оштетувања… Како сценографија од воен филм изгледаше денес просторот на охридската касарна „Михајло Апостолски“, еден ден по вчерашниот пожар кој ја вознемири охридската јавност.

Екипата на Супер радио и OhridPres направи неколку фотографии, како илустрација на немилиот настан од вчера, кој внесе немир и вознемиреност кај граѓаните на Охрид.

IMG_4331_Pozar IMG_4324_Pozar IMG_4340_Pozar IMG_4337_Pozar IMG_4335_Pozar IMG_4334_Pozar IMG_4333_Pozar IMG_4341_Pozar IMG_4342_Pozar IMG_4343_Pozar IMG_4347_Pozar IMG_4348_PozarПожарот избувна нешто по 15:00 часот, а од охридската противпожарна единица излегоа на терен со 4 возила и 16 пожарникари, кои заедно со граѓаните успешно го изгаснаа пожарот пред дождот проследен со поголемо невреме, кој подоцна го зафати регионот.

Во пожарот изгореа неколку борови и тревата во кругот на касарната, а брзата реакција не дозволи истиот да се прошири кон околните куќи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука