септември 14, 2017

Охрид, 14. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дела на младата охридска уметница Јана Наумовска ќе се најдат на групната изложба, која во вторник, на 19-ти септември ќе се отвори во Дубаи.

– Македонската уметница Јана Наумовска е родена во 1983-та година во Охрид. Уметноста во нејзиното семејство има исклучително важен дел, затоа што таа е внука на Вангел Наумовски, еден од најпознатите македонски уметници, познат во целиот свет, стои помеѓу другото во делот за Јана на најавата за изложбата.

Изложбата која е насловена како „The Unspoken Things“ ќе биде отворена во вторник во Studio Seven – Business Bay во Dubai.

Кон крајот на јануари оваа година, во Абу Даби, Обединети Арабски Емирати, во рамките на културната манифестација „Месец на Македонска Уметност“, беа поставени и дела на Вангел, Рубенс и Јана Наумовски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука