Охрид, 20. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на акцијата „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, утре ќе биде реализирана донацијата за ОУ „Григор Прличев“, кое е партнер на проектот кој заеднички го реализираат „Витаминка“, „Тамаро“ маркетите и Супер радио.
– Најмладите дечиња од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид се наши партнери во овој проект, кој ќе трае во текот на месеците септември и октомври. Тие ќе цртаат цртежи со мотиви на Охрид, а најдобрите ќе добијат и вредни награди. За училиштето обезбедивме и посебна донација, по претходен договор за нивните потреби со одговорните. Ова е само дел од активностите кои се предвидени. Во текот на овие два месеци, а како продолжение на многуте акции кои ги спроведовме периодов наназад, ќе имаме многу интересни настани и многу забава и награди за купувачите на „Тамаро“. Ќе не има секаде, ќе ги наградуваме сите. Ќе има специјални награди и за оние кои ќе погодат која слика се крие зад големата сложувалка која веќе е поставена во центарот на градот, на терасата на кафе бар „Shilla“, секојдневни награди за слушателите на Супер радио, слатки акции во најдобрите охридски кафе барови, конкурс за најдобар цртеж со мотив од Охрид за охридските ученици, изложба на најдобрите цртежи, дневни и неделни акции во „Тамаро“ маркетите со многу вредни награди – таблети, мобилни телефони, пакети со највкусните „Витаминка“ производи, маички и многу други. За најдобрите цртежи имаме посебно изненадување и посета на фабриката на „Витаминка“ во Прилеп, порачуваат организаторите.
Ова е само продолжение на супер атрактивните проекти кои охридските „Тамаро“ маркети ги спроведуваат периодов наназад со Супер радио, водечката локална радио станица во државата. Изминатото лето се забавувавме со „Супер Винчини летото“на плажата „Амброзија“, имавме супер дружба во „Аквариус“ со „Златен даб“, неповторливи забави со Илија Богданоски од OhridSUPERSTAR заедно со Nescafe во „Тамаро“ маркетите, „Подравка летото со Лино“ и многу други. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес